Stranski direktni investicii
(Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 18 | Nivo:
Amerikan koledz
Вовед
Странските директни инвестиции (СДИ) имаат
значајно влијание врз економскиот успех на многу земји во развој и земји во
транзиција, кои во последниве 15-тина години остварија динамичен економски раст
и зголемување на вработеноста. Од тие причини, странските инвестиции се во
фокусот на инвестирање како кај економските теоретичари и истражувачи, така и
кај практичарите, посебно во земјите во развој и земјите во транзиција.
Мултинационалните компании се јавуваат како
значаен фактор на кохезија во светската економија, на системот на финансирање,
производство и размена кои како носители на меѓународниот бизнис се главни
учесници и во директното странско инвестирање.
Влијанието на ТНК или МНК, сеедно, врз
современите светски економски движења е од фундаментално значење, ако се земе
во предвид фактот дека контролираат преку 80% од светскиот капитал и новите
технологии како и преку 2/3 од светската трговија. Тие во голема мерка ја
детерминираат структурата, правците и обемот на одвивање на меѓународната
трговија.
I. Теоретски аспект на странсите директни
инвестиции
Дефиниција за СДИ
Дефинициите што се во најчеста употреба
произлегуваат пред се од потребата за меѓународната споредливост на
платно-билансиските статиситки. Така според дефиницијата што ја користи ММФ,
директните инвестиции се категорија на меѓународни инвестиции која ја отсликува
целта на резидентната фирма од една компанија (странскиот директен инвеститор)
да стекне долорочен интерес во фирма која е резидент на друга компанија. Од
друга страна пак, Обединетите Нации (Системот на национални сметки на ОН) не ги
дефинира СДИ како меѓународни текови на капитал туку разликува компании
контролирани од странство (афилијации кои се во сопственост на странскиот
инвеститор во повеќе од 50%) и подружници каде сопственичкиот дел на странската
фирма е меѓу 10 и 50%. Меѓутоа не секогаш се потребни и меѓународни приливи на
капитал за да се реализираат СДИ. Можна е веќе присутна мултинационална
компанија да позајми на домашниот Пазар и на тој начин да ја преземе контролата
на некоја домашна фирма. Оттука се издвојува дефиницијата која ја потенцира
важноста на контролата според која “СДИ се проширување на корпоративната
контрола преку национални граници„.
СДИ – Странски директни инвестиции преставуваат
инвестиции на правни и физички лица од странсво во деловни субјекти во други
земји, и со кои се остварува заеднички долгорочен интерес и каде што странскиот
инвеститор поседува најмалку 10% од вкупната вредност на деловниот субјект.
Теории на СДИ
Теориската литература изобилува со класификации
на теориските пристапи кои генерално ги набљудуваат СДИ од макроекономски
аспект (како проблематика која се обработува во рамките на меѓународните
финансии) и од микроекономски аспект (во рамките на теоријата на индустриската
организација).
Оттаму, основна поделба на теориите за СДИ е на
2 категории:
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!